• Горан Упале

Екипата на Пари Сен Жермен експресно им се врати на победите во домашниот шампионат. По неочекуваниот пораз од Ница во претходното коло, вечерва момците на Луис Енрике покажаа квалитет и одлучност и со убедливи 4-0 (2-0) го совладаа лутиот ривал Олимпик Марсеј.
- Извештај од натпреварот:
„Светците“ големата победа ја најавија уште на самиот старт на натпреварот. По само осум минути игра Хакими одново се запиша во листата на стрелците и погоди за 1-0, а пред крајот на полувремето летното засилување Коло Муани зголеми на 2-0, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел парижани не отстапија од својот начин на игра и резервистот Гонзало Рамос со два гола точка на натпреварот и ги постави конечните 4-0. Но, во Париз нема многу простор за славје, затоа што по само половина час игра првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе поради повреда го напушти теренот. Засега нема информација за сериозноста на повредата на капитенот.
Со вечерашните три бода ПСЖ се искачи на четвртата позиција на табелата со 11 бода, два помалку од лидерот Брест. Марсеј пак падна на седмото место со само девет бода.