ВИДЕО: Ваков подарок ретко кој добива, голманот на Ваљадолид го има киксот на сезоната

Алавес ја прекина црната серија од три меча без победа во Примера и во првиот денешен натпревар од 13. коло на шпанскиот шампионат пред својата публика извојува убедлив триумф од 3-0 над тимот на Ваљадолид

Новајлијата во шпанската елита повеќе од заслужено стигна до трите бода, но сепак, мечот го одбележа голманот на гостите, Жорди Масип. Искусниот чувар на мрежата во 32. минута направи катастрофална грешка, откако иако ја имаше топката во своите раце на чудесен начин ја испушти и му дозволи на Пина да го зголеми резултатот на 2-0. 

  • Големата грешка на Масип: 

Инаку, првиот погодок за Алавес го постигна Хозелу, додека конечните 3-0 го постави Лукас Перез од пенал. 

  • Извештај од натпреварот: