ВИДЕО: Ваков гол ретко се гледа, Спировски од скоро 40 метри ја „искина“ мрежата на Докса

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски имаше деби за паметење во новиот клуб АЕК Ларнака.

Одличниот играч за врска по доаѓањето од Хапоел Тел Авив, експресно се аклиматизираше во новата средина и на тест натпреварот против Докса постигна неверојатен гол од скоро 40 метри, кој сигурно ќе ве натера да го погледнете неколку пати.

  • Евроголот на Спировски против Докса:

Дуелот меѓу АЕК Ларнака и Докса беше посебен за нашата јавност, бидејќи на теренот се сретнаа дури петмина македонски интернационалци. Мојсов, Тричковски и Спировски на едната, наспроти Шишковски и Трајчевски. Поуспешни беа Мојсов, Тричковски и Спировски, извојувајќи победа од 0-2.