• Горан Упале
Селекциите на Белорусија и Хондурас одиграа возбудлив пријателски натпревар во Жодињо, кој и покрај офанзивната игра на гостите заврши без победник, со резултат 1-1.
Домаќините уште во раната фаза од натпреварот поведоа со 1-0, а стрелец на голот беше Савитски, но пред одморот Aлександер Лопез со спектакуларен гол од слободен удар, и тоа во голманска страна израмни на 1-1.
- Голот на репрезентативецот на Хондурас:
Селекцијата на Белорусија е слободна во првото коло од квалификациите за СП, додека во второто ја чека меч со Естонија.