„Вака умре Марадона“: Неочекувана сцена на судењето, ќерките почнаа да плачат (ВИДЕО)

Славниот аргентински фудбалер Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 61-годишна возраст, а сега на судењето беа откриени неверојатни и шокантни информации за околностите кои доведоа до неговата смрт. 

Обвинителот Патрисио Ферари на судењето во Буенос Аирес покажа фотографија од Марадона во моментот на неговата смрт, што семејството очигледно не го очекуваше.

Вака умре Марадона“, рече Ферари кога ја подигна контроверзната фотографија, нагласувајќи дека неговата тешка здравствена состојба требало да биде повеќе од јасна на сите, за ниту еден од обвинетите лекари, на кои им се заканува затворска казна од 25 години, да не може да тврди дека не знаел за неговата лоша состојба. 

Кога ова беше прикажано во салата, ќерките Далма и Ѓанина почнаа да плачат, додека нивната сестра Јана ги тешеше, која најмирно го прифати. 

Обвинети се вкупно осум лица, пред се лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за Диего Марадона во последните денови од неговиот живот. Највисока казна се бара за неврохирургот Леополдо Лук, кој беше личен лекар на Марадона.