Вака лош Ливерпул одамна не сме виделе – НУЛА удари кон голот на Атлетико

Екипата на Ливерпул го одигра можеби еден од најлошите натпревари оваа сезона. „Црвените“ на „Ванда Метрополитано“ не личеа на европски прваци и повеќе од заслужено со пораз се враќаат за дома.

Во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналната фаза на Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид извојува победа од минимални 1-0, но според настаните на натпреварот може да жали што за Ливерпул нема да патува со поубедлива предност. Избраниците на Симеоне резултатот го отворија уште во четвртата минута, кога погоди Саул, а до крајот на натпреварот испуштија уште неколку шанси за нов погодок. 

<<<  ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Англичаните бесни - имаше ли пенал над Садио Мане!?

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Ливерпул одигра под просек, Атлетико со позитива патува на „Енфилд Роуд“

На спротивната страна, Ливерпул тотално разочара и не само што не ја затресе домашната мрежа, туку не успеа да испрати ниту еден директен удар кон голот на Јан Облак. Единствено се закани Салах, кој во вториот дел од дистанца биеше во блокот на добро поставената домашна одбрана. 

Избраниците на Јирген Клоп, шанса за поправен ќе имаат на 11 март, за кога е закажан реванш дуелот на „Енфилд Роуд“.