Вака изгледа новиот формат на ЛШ кој ќе започне од 2024 година

ЛШ формат

Денес ќе биде потврден форматот кој што ќе донесе неколку промени во Лигата на шампионите. 

Првично ќе се зголеми бројот на учесници, што ќе овозможи повеќе екипи да се надеваат дека ќе бидат дел од европската клупска елита. Победникот ќе одигра 17 натпревари додека го подигне трофејот, а вкупно ќе се играат по 100 меча по сезона.

Како и во квалификациите за Европското првенство, УЕФА сака да им даде шанса на „помалите“ првенства, да се надигруваат со најдобрите. Со новиот формат секој тим ќе игра по десет меча во т.н „првенствената“ фаза, а останатите ќе бидат дел од нокаут рундите.

Ќе биде формирана табела од 1 до 36, каде екипите ќе котираат во зависност од успесите во домашните првенства. На крај најдобрите осум, оние кои ќе соберат најмногу поени, ќе се пласираат во осминафиналето, а оние пласирани од 9 до 16 ќе треба да добијат двомеч со тимовите од 17-24. Така ќе бидат формирани осминафиналните парови во првата нокаут фаза.

Бидејќи не е можно секој да се соочи со сите двапати, најдобрите тимови (кои ќе бидат утврдени со коефициентот) ќе се соочат со уште два тима на нивното ниво, три од следното, уште три од претпоследниот ранг и два тима од групата екипи со најнизок коефициент.