ВИДЕО: Вака атрактивен Јунајтед одамна не сме виделе, Брајтон немоќен против „ѓаволите“

Екипата на Манчестер Јунајтед ја одигра една од најдобрите и најатрактивните партии оваа сезона во Премиер лигата и повеќе од заслужено ја запиша втората победа по рестартот на англискиот шампионат. 

По Шефилд Јунајтед, пред разиграните момци на Оле Гунер Солскјер падна тимот на Брајтон, кој беше поразен со сигурни 0-3 (0-2). Претходно, во првиот натпревар по долгата пауза, Јунајтед одигра 1-1 против големиот ривал Тотенхем.

  • Извештај од натпреварот: 

Норвешкиот стратег повторно од првата минута ги „спои“ Фернандеш и Погба, а преднос во нападот доби Гринвуд на местото на Џејмс, а токму тројцата беа најдобрите актери на натпреварот и воедно најзаслужни за сигурната победа на „ѓаволите“. 

Сè започна во 16. минута, кога по една фантастична соло-акција 18-годишниот Гринвуд го отвори резултатот и донесе гостинска радост, додека до крајот на првиот дел на вистината на задачата беше и Фернандеш, па Јунајтед на пауза замина со сигурни 0-2.

Шансите за какво било изненадување на „галебите“ беа срушени по само неколку минути од почетокот на вториот дел, откако по неверојатен контра напад беше решено прашањето на победникот на овој натпревар.

Немања Матиќ испрати топка „со очи“ до Гринвуд, а овој истрча пола терен и милиметарски точно го проигра Фернандез, а Поргуалецот со супер-волеј го совлада Рајан и ги постави конечните 0-3. 

Во следното коло, Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека тимот на Борнмут, додека Брајтон гостува кај „фенерџијата“ Норич.