Вајт ги надмина Чарлтон и Кејн во убедливата победа над Македонија

Женската репрезентација на Англија немаше големи проблеми да слави на гостувањето кај Македонија во квалификациите за Светското првенство.

>>> ВИДЕО: „Покер“ на Мид, Англија со ДЕСЕТ гола ја декласира Македонија

Големиот фаворит постигна десет гола во македонската мрежа. Еден од погодоците заврши зад името на Елен Вајт, која стигна до бројката од 50 реализации во репрезентативниот дрес.

Англиската фудбалерка ги надмина голгетерските рекорди на Боби Чарлтон и Хари Кејн, кои имаат 49 погодоци и се на делба на втората позиција на вечната листа во машка конкуренција, која ја предводи Вејн Руни.

Англија има максимален број бодови по седум меча, со гол-разлика 63-0.