Вајс: Струга е непознат тим за нас, нè очекува предизвикувачки двомеч

Владимир Вајс, тренерот на шампионот на Словачка, го најави дуелот со Струга Трим Љум. Слован Братислава во својот дом ќе го пречека македонскиот шампион во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Искусниот тренер вели дека за нив Струга е непознат противник, но верува во успех на овој двомеч.

„Ги повикувам навивачите да дојдат на овој натпревар, на кој сите ние од тимот ќе дадеме сè од себе. Фановите се нашиот дванаесетти играч, без нив немаше да освојуваме трофеи. Секогаш ни даваат мотив плус на натпреварите. Тоа се неверојатни моменти кои долго ќе ги паметиме. Затоа останав во овој клуб, поради нашите фанови и овој стадион кој има свој голем шарм.

Струга е непознат тим за нас, но има добра финансиска позадина и сака да напредува, исто како и Слован. Нè очекува предизвикувачки двомеч, но верувам дека ќе заврши добро“, рече Вајс.

Првиот натпревар меѓу овие два тима се игра денес од 19:00 часот. Реваншот во Охрид се закажан за седум дена. 

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони