Вајналдум: Никако не успеавме да се справиме со нивниот притисок

По одличната групна фаза и трите победи, Холандија разочара и попладнево е елиминирана од Чешка на првиот натпревар од нокаут-фазата и со тоа го заврши натпреварувањето. Капитенот Вајналдум денес комплетно потфрли на дуелот со Чешка во Будимпешта. 

Новиот фудбалер на ПСЖ по натпреварот изјави:

„Голови како што ги примивме попладнево, шанси какви што не ги искористивме - сето тоа сега минува низ нашите глави. Беше потешко по црвениот картон, затоа што не можевме повеќе да ги притискаме. Никако не успеавме да се справиме со нивниот притисок. Направивме неколку шанси, но тоа не беше доволно“.

Холандија нема победа во елиминационата фаза во деведесет минути на Европското првенство во 2000 година, кога во четвртфиналето ја декласира СР Југославија со 6-1.

Состави

Роналд Куман

5-3-2

    Jaroslav Silhavy

    4-2-3-1