• Горан Упале

Фудбалерот на Воска Спорт, Вахит Мурати во наредните шест месеци ќе игра како позајмен играч во екипата на Арсими од Чегранe, која исто така се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.
До оваа позајмица дојде откако тренерот Берат Имери, даде „зелено светло“, со цел фудбалерот да добие поголема минутажа и да го стекне потребното искуство за иднина.
„Како и секогаш, Воска Спорт смета на своите таленти, па се надеваме дека Мурати следната сезона ќе ни се врати уште позрел“, велат од редовите на охридскиот клуб.
Воска Спорт зимава нападот го освежи со Фитон Адем, Ујкан Муча и Ермедин Адем.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.