Ужасни вести за Манчини: Спинацола ја скинал Ахиловата тетива и го чека долга пауза

Во перфектната минхенска вечер, италијанската јавност ја шокираа првите вести за повредата на една од најголеми нивни ѕвезди на Европскотои првенство. Имено, Леонардо Спинацола во 80. минута со болна гримаса го напушти теренот поради повреда. 

Левиот бек со солзи во очите и на носилка го напушти тревникот, а првите информации не се оптимистички. Спинацола веројатно ја скинал Ахиловата тетива и ако се потврди оваа дијагноза, ќе паузира 7-8 месеци.

Бекот на Рома игра одлично Европско првенство, двапати беше играч на натпреварот, а интерес за него покажаа и шпанските гиганти Реал и Барселона.

Роберто Манчини до крај на шампионатот на позицијата лев бек го има само Емерсон Палмеири. 

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Роберто Манчини

    4-3-3