Ужасни вести од Тотенхем: Тешка повреда на Иван Перишиќ

Екипата на Тотенхем игра во одлична форма, но доживеа голем удар затоа што во следниот дел од сезоната ќе биде без крилниот играч Иван Перишиќ.

34-годишниот Хрват на тренингот доживеал тешка повреда. Се огласија „петлите“ и од Фудбалската федерација на Хрватска, од каде потврдија дека крилото ги скинало предните вкрстени лигаменти на коленото.

Поради повредата Перишиќ ќе мора да оди на операција и го чека долга пауза. Според најавите, Хрватот нема да може да игра фудбал најмалку пет месеци.

Перишиќ е во Тотенхем од 2022 година, а досега одигра 37 натпревари на кои даде еден гол.