ВИДЕО: Ужасни сцени - аргентински фудбалер убиен во улична пресметка

Голема трагедија се случи во Аргентина. Во улична пресметка е убиен Факундо Еспиндола, голман на еден од тамошните нисколигаши, кој се тепал со фудбалерот што има полициско досие, Нахуел Овиедо.

Eспиндола и Овиедо се скарале пред еден ноќен клуб во Аргентина, а потоа дошло и до физичка пресметка, која завршила фатално. Овиедо со нож го усмртил Еспиндола пред голем број сведоци. 

28-годишниот Овиедо, кој потекнува од Хуракан i игра во чилеанскиот шампионат, веднаш побегнал од местото на настанот, но полицијата подоцна го уапсила и сега му се заканува повеќегодишна казна затвор. 

Погледнете ја тепачката меѓу Еспиндола и Овиедо: