Ужасна глетка во Бундес: Стравична повреда на фудбалер на Гројтер Фирт (ФОТО)

Марко

Дуелот меѓу Гројтер Фирт и Ајнтрахт Франкфурт донесе тешка повреда за Марко Мејерхефер.

Во самата завршница од натпреварот, гостинскиот фудбалер се најде во дуел со Јенс Петер Хауге, а моменти подоцна сите се фатија за глава и итно побараа помош од докторскиот тим. Страдaше скочниот зглоб, па 26-годишникот итно заврши во болница, каде беше опериран за време на викендот.

Германските медиуми тврдат дека Хауге останал покрај него и плачел на теренот поради шокантната ситуација.