Ужас за дефанзивецот на Реал: Размислувал за крај на кариерата поради повредата?

Ферлан Менди повторно се повреди и мораше да го напушти натпреварот по само 14 минути против Еспањол.

На почетокот се сметаше дека францускиот бек ќе отсуствува пет месеци, но новите прегледи покажаа дека тој доживеал сериозна повреда на тетивата и дека ќе биде надвор од терените околу една година, објавува шпанското радио „COPE“.

Имено, лекарите му дијагностицирале на Менди скината тетива со одвојување на дел од коската, што е повреда која бара исклучително долго и неизвесно успешно заздравување. Целата ситуација е толку сериозна што самиот фудбалер почнал да го разгледува најлошото сценарио.

„Доколку заздравувањето не помине добро, тој би можел да ја заврши кариерата. Дефанзивецот почнал да размислува за тоа по најновите вести за сериозноста на повредата“, пишува шпанскиот медиум.

Менди пристигна во Реал во 2019 година и има договор до летото 2028 година.