Ужас во Мексико: 17 мртви по масовна тепачка, лигата е прекината! (ВИДЕО)

Мексиканскиот фудбалски шампионат уште еднаш се покажа како „крвав“, откако се случи хулиганска пресметка во која животот го загубија најмалку седумнаесет луѓе.

На натпреварот меѓу Керетао и Атлас во рамки на МХ лигата, навивачите влегоа на терен и предизвикаа хаос. Масовно се тепаа, летаа предмети од сите страни, а медиумите велат дека животот го загубиле повеќе луѓе во овие тепачки, иако засега нема официјално соопштение на таа тема.

Поради инцидентот кој се случи во Мексико лигата во моментов е прекината. Сите клубови го осудија однесувањето на навивачите на Керетао и Атлас и воедно изразија сочувство до семејствата на сите загинати, а истовремено им порачаа брзо заздравување на сите повредени.