Увертира за финалето од Купот, „милионерите“ атакуваат на место во ЛШ

Двапати во период од пет дена, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг ќе ги одмерат силите, додуша во две различни натпреварувања. Судирот во шампионатот ќе биде увертира за финалето на националниот Куп, што ќе биде единствена шанса и за двете екипи да освојат трофеј оваа сезона. Но, прво, тие ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“, каде што „милионерите“ ќе се обидат да ја продолжат серијата победи и да се израмнат со четвртопласираниот Ајнтрахт и третопласираниот Волфсбург и пред крајот на сезоната да ги подобрат своите шанси за завршување во зоната која носи Лига на шмапиони.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Борусија Дортмунд - РБ Лајпциг >>> 

За тоа време, играчите на тренерот во заминување Јулиан Нагелсман имаат уште еден минијатурна шанса да направат чудо во фото-финишот од Бундеслигата и да му ја грабнат веќе видената титула на Баерн. Тие ќе мора да слават против Дортмунд, потоа во следните две кола, а притоа да се надеваат дека баварците ќе испуштат осум од деветте бода што се во оптек. Значи, невозможна мисија. Затоа, нивниот фокус веројатно ќе биде кон претстојниот финален меч во Купот.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Бундеслигата >>>

Кога станува збор за Борусија, таа врза пет победи во домашниот шампионат со шеснаесет постигнати голови, додека мрежата ја зачува на последните три меча против Холштајн Кил, Волфсбург и Унион Берлин. На последниот натпревар „торпедиран“ беше токму Кил, кој доби „петарда“ во својата мрежа. Лајпциг игра променливо во последните неколку недели, а неодамна се мачеше со Вердер и финалето во Купот го обезбеди дури во судиското продолжение. Освртот на последните седум меѓусебни дуели вели дека е можна голеада, затоа што три завршија со пет или повеќе голови.