• Горан Упале
Во првиот натпревар од 18. коло како дел од неделната програма, фудбалерите на Утрехт ремизираа на домашен терен против лидерот ПСВ Ајндховен. Резултатот на натпреварот на стадионот „Галгенвард“ беше 1-1 (0-1).
Се започна „како што беше планирано“ за тимот на Питер Бош - ПСВ поведе во седмата минута, кога Сержињо Дест му асистираше на Бакајоко (0-1).
ПСВ Ајндховен продолжи да ја контролира ситуацијата, но таа излезе од контрола на крајот од првото полувреме. До паузата не се тресеа мрежите, но само што започна вториот дел Утрехт уште поактивно напаѓаше и израмни. Во 53. минута Отман Бусаид погоди по додавањето на напаѓачот Сем Ламерс (1-1).
До крајот беше многу посмирено, но кога сè ќе се земе предвид, Утрехт сепак создаде подобри шанси од тимот на ПСВ Ајндховен - и заслужено освои бод. За првпат од почетокот на сезоната ПСВ Ајндховен не успеа да триумфира, по седумнаесет последователни победи. ПСВ Ајндховен и понатаму е прв со 52 бода, додека Утрехт е на 12. место со 19 бода.