Утре ждрепка за Куп-осминафиналето, „преживеаја“ четири второлигаши

Извлекувањето на парови за осминафинале Купот на Македонија во фудбал има свој термин. Утре од 14:00 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), Комисијата за натпревари со слободна ждрепка ќе бидат избрани осумте пара.

Во следната фаза од вторролигашите патуваат Македонија ЃП  Арсими, Брегалница и Детонит, додека сите прволигаши освен Работнички си ја завршија задачата - тоа се Гостивар, Воска Спорт, Пелистер, Вардар, Шкупи, Брера, Шкендија, Беса, Силекс и Струга ТЉ. Тиквеш е во наредната рунда како бранител на Купот, а третолигаш е Шкендија Арачиново.

Натпреварите се на програмата на 23 октомври од 14:00 часот.