Утре почнува зимскиот преоден рок во ПМФЛ, ќе трае до 11 февруари

Фудбалската Федерација на Македонија денес ги информира сите клубови дека од 15 јануари 2020 започнува зимскиот преоден рок за фудбалери. Преодниот рок трае до 11 фeвруари 2020година.

„Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14:00 часот на 11 февруари 2020 за да има доволно време за обработка на барањата“, се вели во соопштението на федерацијата. 

Сите барања кои ќе бидат доставени по 24.00 часот на 11 февруари 2020 ќе се сметаат за ненавремени и нема да може да се процесуираат.

Вториот дел од шампионатот на Македонија во Првата лига започнува на 15 и 16 февруари во 16:00 часот.