• Саше Љолес
Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авониџи, беше успешно опериран после повредата на стомакот која ја доживеа на првенствениот натпревар против Лестер Сити.
Нигериецот се повреди во 88. минута од мечот, откако удри во стативата по дуелот со Факундо Буонаноте, потоа го доигра натпреварот, но лекарските прегледи покажале дека мора да биде подложен на хируршки зафат.
Во краткото клупско соопштение се вели дека играчот нема да настапи на двата меча до крајот на сезоната и му посакаа брзо заздравување. Нотингем се бори за пласман во Лигата на шампионите. Во моментов заостанува само два бода зад првата позиција која води во елитниот ранг на УЕФА.