Успешна проба за младиот Матео Кесиќ, се очекува договор од Сасуоло!

Младиот македонски талент, Матео Кесиќ, ги задоволил вкусовите на управата на италијанскиот Сасуоло, каде минатите денови беше на проба за евентуален договор. 

Кесиќ, кој од неодамна е младински репрезентативец на Македонија, настапуваше за српскиот тим Јединство УБ, каде раководната функција ја има славниот Немања Матиќ

Токму на препорака на Матиќ пристигна во Сасуоло, а во наредните денови се очекуваат повеќе информации за евентуален потпис со членот на италијанската Серија А

Засега, Кесиќ се враќа во Србија и повторно ќе се приклучи на зимските подготовки на Јединство. Талентираниот фудбалер ќе наполни 18 години на четврти февруари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.