Успешна операција и подолга пауза за столбот во одбраната на Јувентус

Управата на италијанскиот Јувентус потврди дека нивниот дефанзивец Жерсон Бремер успешно ја минал операцијата на коленото, што значи дека Бразилецот ќе се врати на терените некаде во јануари 2026 година. 

28-годишниот Бремер беше столб во одбраната на тренерот Игор Тудор, кој сега ќе мора да пронајде нови решенија за стоперската позиција. 

За Бремер ова е четврта сезона во дресот на Јувентус, а претходно играше за Торино и Атлетико Минеиро. 

ФОТО/PHOTO: Juventus.com