Успешен крај на подготовките: Брегалница го совлада казахстански Кизилжар

Брегалница

Фудбалерите на Брегалница Штип победнички ги завршија подготовките во Анталија, Турција.

Тие денес беа подобри од казахстанскиот прволигаш Кизилжар (2-0). Манев и Георгиев се погрижија за головите и беа главни виновници за новата победа на штипјани.

Тимот на Добринко Илиевски сигна до третиот успех во подготвителниот период. На четвртиот натпревар одигра реми и без пораз се враќа во Македонија.

Брегалница е на второто место по првиот дел од сезоната во ВМФЛ-Исток, а на првиот меч оваа пролет ќе ги одмери силите со Кит-Го од Пехчево.