• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Париз успешно го отворија седмото коло во Лига 1, совладувајќи го Лориент со 2-0 пред својата публика. Главен херој на натпреварот беше некогашниот напаѓач на Црвена звезда, Жан-Филип Красо, кој блесна со гол и асистенција.
Домаќините поведоа во 25. минута кога Красо се избори за топка, вешто се загради пред дефанзивецот на Лориент и испрати прецизен пас кон Илaн Кебал. Французинот ја искористи одличната асистенција и ја затресе мрежата за водство на Париз.
Само пет минути подоцна, Красо се најде и во улога на стрелец. По одличен центаршут од левата страна на Мојзес Сајмон, поранешниот член на белградскиот клуб реагираше смирено и со прецизен удар го совлада голманот на Лориент. Со тоа ја продолжи својата голгетерска серија, започната уште во претходното коло против Ница.
Со оваа победа Париз стигна до 10 бодови и се искачи на осмата позиција на табелата, покажувајќи дека тимот има потенцијал да се бори за место во горниот дел. Од друга страна, Лориент останува на 13. место со седум освоени поени, три помалку од вечерешниот противник.








