„Успехот ми помогна кај девојките, некои од нив ми праќаат експлицитни фотографии“

Феликс

Младиот талент и член на Бенфика, Жоао Феликс, раскажа како му се променил животот откако стана една од најголемите сензации во 2019 година.

Тој има само 19 години и очекува да биде „растргнат“ ова лето поради големиот интерес од скоро цела Европа. Игрите кои ги прикажува ветуваат блескава иднина, па тимови како Реал Мадрид, Манчестер СитиЈувентус и ПСЖ не сакаат да чекаат повеќе и ќе тргнат по неговиот потпис во следниот трансфер период.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Parabéns Sport Lisboa e Benfica pelos teus 115 anos de história!!!

A post shared by João Félix (@joaofelix79) on

Тинејџерот е задоволен од својот напредок на теренот, но и во приватниот живот. Неговите профили на социјалните мрежи се место каде што добива голема поддршка, а вели дека и девојките започнале повеќе да му посветуваат внимание.

„Успехот ми помогна многу со девојките. Често, на социјалните мрежи ми испраќаат фотографии, некои дури се осмелуваат да ми испратат експлицитна содржина.

Не мислам дека треба да имам девојка, јас сум уште многу млад. Постои време за сè“ , рече Феликс.

Португалскиот феномен имаше можност да се прослави во Порто, но клубот не веруваше во неговите квалитети и го испрати во екипата на Падроенсе. Ваквиот расплет во неговата кариера го искористи Бенфика која сега во своите редови има фудбалер со пазарна вредност од над 100 милиони евра.