Уште полоши вести за Ливерпул: Ван Дајк отсуствува цела година, го пропушта и ЕП 2021!?

Ван Дајк

Пвредата на лигаментите на коленото ќе го натераат Вирџил Ван Дајк да биде надвор од фудбалските терени долг период.

Првично се проценуваше дека холандскиот столб во одбраната на Ливерпул ќе отсуствуа седум до осум месеци, но сега пристигнаа уште полоши вести за Јирген Клоп.

Според последните информации кои доаѓаат од извори блиски до клубот, 29-годишникот многу веројатно нема да заигра фудбал цела една година. Тоа значи дека Холандија ќе мора на Европското првенство без еден од своите најдобри фудбалери.

Ако се земе предвид тешкиот кам-бек кој сигурно ќе трае уште неколку месеци, Ван Дајк би можел да се врати во препознатлива форма дури во 2022 година. 

Англискиот првак се соочува со голем проблем, кој најверојатно ќе го решава со купување нов фудбалер од последната линија. Изборот засега не е познат, но сигурно дека тешко дека некој би можел да ја пополни празнината која што ќе ја остави најдобриот дефанзивец за изминатата сезона.

Лидерот во одбраната на Ливерпул се повреди на дуелот против Евертон, а виновник за овој тежок момент од неговата кариера е голманот Џордан Пикфорд.