Уште непотврден Алисон, Ливерпул му продаде голман на Лестер за 10 милиони

Еден од најелитните британски спортски медиуми „Скај“ тврди дека англискиот гигант Ливерпул веќе договорил трансфер за својот чувар на голот Дени Вард. 

25-годишниот Вард во последните години не добиваше шанси за докажување од страна на Јирген Клоп, па затоа раководството на „црвените“ ја прифатија понудата на Лестер Сити, која изнесува 10 милиони фунти. 

Велшанецот минатата сезона беше пратен на позајмица во редовите на Хадерсфилд, каде блесна во Премиер лигата и беше еден од најзаслужните фудбалери на тимот за опстанокот во елитата на англискиот фудбал. 

Засега не е позната целта на Лестер за овој трансфер, односно дали Вард ќе биде конкуренција на Шмајхел, или пак данскиот голман во иднина ќе облече друг дрес. Во моментите кога се договара овој трансфер, Ливерпул е пред промоција на најголемото летно засилување во тимот ова лето, голманот Алисон од тимот на Рома