• Мартин Танасковски

Екипата на Тиквеш договори уште едно засилување и не застанува на трансфер-пазарот. Тоа е Бесар Гуџуфи, поранешниот младински репрезентативец на Македонија.
Гуџуфи доаѓа во Македонија како слободен, откако раскина со Партизани Тирана од Албанија. Неговиот договор важеше до летото 2029 година, двете страни постигнаа договор за прекин на соработката.
Гуџуфи во Партизани пристигна во јануари 2025 година од редовите на Шкупи, а во изминатиот период го носеше дресот на еден од најпознатите албански клубови. Играше и за Беласица, Вардар, беше дел и од турскиот гигант Бешикташ.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





