• Горан Упале

Јувентус во самиот финиш од преодниот рок се засили со Ник Волтемаде, кој пристигнува од Њукасл на едногодишна позајмица.
Италијанскиот гигант ќе ја покрива целата плата на 24-годишниот напаѓач, а на Њукасл ќе му исплати 3,6 милиони евра, плус дополнителни 500.000 евра низ бонуси.
Волтемаде минатата сезона пристигна на „Сент Џејмс Парк“ и беше платен околу 85 милиони евра, но не успеа целосно да ги оправда очекувањата. Сега ќе има нов предизвик во Серија А, каде што ќе треба да му помогне на Јувентус во нападот.
Германецот ќе биде дел од напаѓачката ротација заедно со Рандал Коло Муани и Џонатан Дејвид.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




