Уште едно прволигашко засилување за Гостивар, дојде Фисник Зука

Екипата на Гостивар продолжи да гради тим за највисоки дострели. Уште едно прволигашко засилување пристигна во лидерот во ВМФЛ кој полусезоната ја заврши без пораз.

Фисник Зука е нов член на ФК Гостивар. 27-годишниот лев бек доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров каде ја мина претходната полусезона. Низ кариерата Зука играше и за Шкупи, Работнички, Ренова и албански Фљамуртари.

Сигурно е дека Зука ќе биде од голема помош за Гостивар во борбата за остварување на највисоките амбиции, тоа е пласман во прволигашкото друштво како лидер во единствената ВМФЛ.

Претходно, гостиварчани ги донесоа Симе Христов, Рејан Абази и Гордијан Христовски.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.