Уште едно капитално засилување за Скопје, Мециновиќ се враќа „дома“

Екипата на Скопје се екипира за пролетниот дел од сезоната со висок интензитет и е на прагот да донесе уште едно искусно име во борбата за ПМФЛ.

Нов член на „пиратите“ од Автокоманда наскоро се очекува да стане стоперот Јасмин Мециновиќ. 35-годишникот ќе пристигне од Работнички, каде ги мина последните шест месеци.

Сигурно е дека искуството на Мециновиќ ќе биде од голема важност за Александар Таневски во битката за место во најдобриот шампионат на Македонија.

Претходно, Скопје потпиша и со имиња како Симе Христов, Кристијан Наумовски, Бесмир Даци и Дарко Глишиќ

Мециновиќ е играч со богата кариера и преку 20 клубови на домашната сцена и во странство. Баш Скопје е негов матичен клуб, каде му започна фудбалската приказна.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.