• Мартин Танасковски
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) направи нова инвестиција што се гледа, откако набави 210 метри сопствен ЛЕД екран.
Се работи за инвестиција за подобро искуство на натпреварите, поголема видливост за партнери и дигитален фудбалски амбиент.
До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку “дрвени табли”. Од ФФМ велат дека се прави исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија.
Ова е уште едно исполнето ветување, уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија. Фудбалот на прво место.