Уште една тренерска смена во ПМФЛ по само две одиграни кола!

Уште една тренерска смена во ПМФЛ по само две одиграни кола. По Вардар, промена на клупата направи и Башкими, откако Шабан Сулејмани е назначен за нов тренер на клубот од Куманово.

Клубот постигна договор со македонскиот стратег, кој во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Работнички во улога на помошен тренер.

Сулејмани работеше во косовска Лирија од Призрен, каде што даде значаен придонес во пласманот на клубот во Суперлигата, а беше дел и од стручните штабови на Беса Добридол, Гостивар и Шкендија од Арачиново.

На клупата на Башкими, Сулејмани доаѓа на местото на Гајур Реџепи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.