ВИДЕО: Уште една тешка ноќ за Пике, еве како шпанските фанови го исвиркуваа дефанзивецот!

Столбот на одбраната на шпанската репрезентација, Жерард Пике, синоќа повторно беше „поздравен“ од домашните фанови.

На „Хозе Рико Перез“ во Аликате, Шпанија ја пречека Албанија, а присутната публика на стадионот со нетрпение го чекаше секој допир со топката на Пике за да го исвирка, а свирежите кулминираа во 59. минута, кога дефанзивецот ја напушти играта и на негово место влезе Начо.

Причината за ваквото однесување на шпанските фанови кон Пике е неговото јавно поддржување на референдумот за независна Каталонија.

Шпанија со убедливи 3-0 ја совлада Албанија и како прва во нашата група Д, обезбеди директно учество на Светското првенство во Русија, идната година.