• Мартин Танасковски
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е на чекор до трансфер во турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат италијанските медиуми.
Според информациите, 33-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со клубот од Истанбул и во моментов го очекува финалниот договор меѓу Наполи и Фенербахче за реализација на трансферот.
Лукаку пристигна во Наполи во 2024 година, каде што под водство на Антонио Конте освои две значајни титули, шампионската круна во Серија А и трофејот во италијанскиот Суперкуп.
Во текот на кариерата, белгискиот репрезентативец настапуваше за неколку европски великани, меѓу кои Челзи, Манчестер Јунајтед, Интер и Рома, а сега е блиску до нов предизвик во турскиот фудбал.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





