Уште една легенда на Сити пред заминување од „Итихад“, ќе игра во Катар

Уште една клупска легенда на Манчестер Сити е пред заминување од „Итихад“. Ако пред извесен период капитенот Винсент Компани се реши кариерата да ја продолжи во Андерлехт, каде ќе биде тренер-играч, уште еден „староседелец“ ова лето ќе го напушти англискиот шампион. 

Се работи за искусниот Давид Силва. Шпанскиот ас цели девет години е дел од проектот на Сити, успеа да освои четири титула од Премиер лигата и два од ФА Купот, па сега наводно побарал трансфер. 

За негова нова дестинација се споменува Катар, од каде добил понуда за двегодишен договор вреден 24 милиони евра. Челните лица на Сити не сакаат така лесно да се ослободат од својата 33-годишна легенда и започнале преговори за останување барем уште една сезона. 

Доколку не успеат во тоа и Силва си замине во Катар, тогаш ќе мораат да бараат негова замена. За први кандидати се споменуваат Јури Тилеманс од Монако и Набил Фекир од Лион.