Уште една легенда на Јунајтед и Стивен Џерард влегоа во „Куќата на славните“ во Премиер

По Рој Кин и Ерик Кантона, уште една легенда на Манчестер Јунајтед си доби свое место во „Куќата на славните“ во Премиер лигата. 

Легендарната „седумка“ Дејвид Бекам им се придружи на најдобрите во англиската елита, а покрај него во одбраното друштво влезе и поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард.

Први „гости“ во „Куќата на славните“ во Премиер лигата беа Алан Ширер и Тјери Анри, а ним им се придружија Рој Кин, Кантона, Лампард и Бергкамп. 

Остана уште едно место овогодишните кандидати, за кои условот беше тие да се пензионирани пред први август 2020 година.