• Мартин Танасковски
Холандските легенди кои ги закачија копачките на клин влегуваат во тренерски води. Земјата на лалињата може да добие уште едно звучно име, тоа е Робин ван Перси кој е прв пик да биде нов предводник на Херенвен.
Рекордерот по број на голови во дресот со државниот грб веќе имал разговори со клупската управа. По крајот на сезоната Херенвен останува без тренер и тогаш се очекува Ван Перси да го презеде тимот.
Во моментов, Ван Перси е дел од младинските академии на Феенорд. Досега, нема работено во сениорскиот фудбал. Иако имаше интерес од Феенорд да го задржи Холанѓанецот и да му даде унапредување од У18 во У21 тимот, Херенвен е се поверојатна опција.