Уште една ѕвезда го игра последниот натпревар за ПСЖ!

Пари Сен Жермен потврди дека Серхио Рамос од понеделник нема повеќе нема да биде член на францускиот шампион. Вечерва Рамос официјално ќе се прости од клубот и навивачите во последното коло од францускиот шампионат против Клермон во Париз. Пред две недели имаше шпекулации дека искусниот дефанзивец ќе остане во редовите на парижаните за двојно помала плата. Сепак, до такво сценарио не дојде.

Инаку, Рамос пред две години пристигна во ПСЖ и потпиша договор на 24 месеци, според кој месечно заработуваше по еден милион евра, односно дванаесет милиони годишно.

Рамос во текот на кариерата освои четири трофеи во Лигата на шампионите, исто толку пати беше шампион на Шпанија, а со репрезентацијата беше светски првак и двапати европски првак, додека во дресот на Реал Мадрид се закити и со признаниетп светски клубски шампион.

Вечерашниот натпревар со Клермон ќе биде последен и за Лионел Меси, а не се исклучува можноста од Париз да си заминат уште неколку звучни имиња. Пред сè тоа се мисли за Нејмар, за кого наводно има интерес од Манчестер Јунајтед.