• Мартин Танасковски
Двајцата македонски фудбалери кои настапуваат за Славен Белупо, Илија Несторовски и Леонард Жута, се повредија. Жута ја има најтешката повреда во фудбалот, додека за Несторовски уште не се соопштува за што се работи.
Информацијата за двајцата дека се во аут ја потврди тренерот Марио Грегурина, пред продолжението на првенството и ХНЛ-лигата.
„За жал, Леонард Жута следната недела оди на операција на предните вкрстени лигаменти и ќе го немаме до крајот на сезоната. За Илија Несторовски, се надевам дека ќе одигра барем нешто до крајот на сезоната. Сигурно ќе паузира четири седмици.“, изјави тренерот на Славен.
И Несторовски и Жута играа одлично за Славен Белупо, па сигурно е дека нивното отсуство ќе биде значителен удар за тренерот и за екипата до крајот на сезоната во хрватскиот шампионат.





