• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационален голман Филип Гачевски е без клуб откако му истече соработката со Енозис од Кипар, па е во потрага на нова средина, а веќе две екипи од Турција се заинтересирани за него.
Пред извесен период се појави информација дека турски Кочаелиспорт е заинтересиран за Гачевски. Но, доаѓа уште едно име од Турција, тоа е екипата на Бурсаспор која во новата сезона ќе игра во второлигашкиот шампионат на земјата.
Во Бурсаспор низ историјата играа двајца македонски фудбалери, тоа се Јани Атанасов и Величе Шумуликоски.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.