Уште еден светски првак оди во пензија: Ховедес се повлекува во 32-та година

Бенедикт Ховедес, поранешен член на германската репрезентација и легенда на Шалке, на 32-годишна возраст реши да стави крај на својата професионална фудбалска кариера.

„Сфатив колку ме исполнува времето што го минувам со мојот син. Одеднаш фудбалот ми стана нешто сосема ирелевантно“, напиша Ховедес на социјалните медиуми.

Дефанзивецот ја завршува кариерата како играч на Локомотив Москва, каде пристигна во 2018 година. Поголем дел од својата кариера, цели 11 години, Ховедес помина во Шалке, клуб за кој запиша 240 настапи. Дефанзивецот запиша и 44 настапи за германската репрезентација, со која стана светски шампион во 2014 година. Ја освои Серија А и Купот на Италија со Јувентус, а има и по еден Куп-трофеј и со Шалке и со Локомотив.

Минатата недела неочекувано во пензија замина и 29-годишниот Шурле.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.