Уште еден српски фудбалер пристигна во Пелистер

Екипата на Пелистер продолжи да носи играчи од соседството и потпиша со уште еден фудбалер од Србија.

Нов играч на „зелените“ е 25-годишниот Филип Петровиќ кој игра на позицијата центарфор. Минатата сезона ја мина во Раднички Пирот.

Во кариерата Петровиќ настапуваше и за Свилајнац, Мешево, Кусиљево, како и У19-тимот на Крагујевац, клубови кои генерално играат во пониските лиги.

Пелистер го чека битка за опстанок во ПМФЛ под палката на Милан Стојановски.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.