• Мартин Танасковски
Македонија ЃП изгради респектабилен тим за враќање во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако потпиша договор со уште поранешен репрезентативец – Кире Маркоски.
29-годишниот крилен напаѓач со големо искуство доаѓа во Ѓорче Петров од редовите на Работнички. Откако заврши со „романтичарите“, Маркоски потпиша со „лавовите“ како слободен играч и ќе му биде на располагање на тренерот Бобан Грнчаров на стартот на Втората лига.
Скорешниот Куп-освојувач има најдобар тим во Втората лига. Покрај Маркоски, дресот на Македонија ЃП во новата сезона ќе го носат и имиња како Андреја Ефремов, Јован Попзлатанов, Симе Христов, Мите Цикарски, Ристе Темелков, Марио Станковски, Дарко Размоски...
Дефинитивно, Македонија ЃП е прв фаворит за промоција и ќе биде изненадување ако не заврши како лидер во втората дивизија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.