Уште еден премиерлигаш пред продажба: Египетски бизнисмен влегува во англиската елита

Англискиот премиерлигаш Барнли, наскоро би можел да добие нов сопственик, откако британските медиуми повторно шпекулираат дека египетскиот бизнисмен Мохамед Ел Кашаши повторно е заинтересиран да го купи клубот.

Преговори за купување имаше и лани, но сега наводно е постигнат договор околу цената на оваа зделка, која најверојатно ќе изнесува 200 милиони фунти. Но, без разлика дали ќе се постигне договор меѓу двете страни, за сè да се официјализира, потребно е одобрување од Премиер лигата.

Ел Кашаши ја води истоимена компанија со седиште во Дубаи, која се занимава со прехранбена индустрија, а засега нема официјални информации за вредноста на неговото богатство.

Во моментов, Барнли е во сопственост на Мајк Гарлик и Џон Банаскиевич, кои веќе подолго време се обидуваат да го продадат клубот.