Уште еден од странците си замина од Вардар

Екипата на Вардар ќе носи нови странци за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако се раздели со уште едно име кое не доаѓа од нашата земја.

Член на Вардар повеќе не е Михаел Бришки. 25-годишниот играч за врска од Хрватска си замина од таборот на „црвено-црните“ по 13 одиграни натпревари и заедно со Сусо повеќе не се дел од најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Бришки дојде во Вардар од италијанскиот тим Санџулијано, а настапуваше за Табор Сежана од Словенија, Сесвете, Динамо Загреб 2 и младинците на Вараждин од Хрватска.