Уште еден младинец прекомандуван во првиот тим: Пановски потпиша за Работнички

Уште еден млад и талентиран фудбалер потпиша професионален договор со македонскиот прволигаш Работнички, клуб кој е познат по одличната работа со младинските категории и создавање на квалитетен кадар од својот погон.

Борјан Пановски е промовиран во сениорскиот тим откако стави потпис на тригодишна верност кон клубот. Пановски игра на позицијата десен бек и е македонски репрезентативец. 

Во претстојната сезона ќе добие можност за докажување во сениорскиот состав на Александар Влахо.

Со овој потег, Работнички ја продолжува стратегијата на форсирање на младите фудбалери од академијата на клубот, а пред два дена прв професионален договор потпиша и Димитар Тодоровски. Тој се обврза на тригодишна верност.